Испечати

Едноставен чоколаден мус со свеж ананас

Едноставен чоколаден мус со свеж ананас

Состојки

  • 1/2,чаша чоко капки или може сецкано чоколадо, 45%какао маса
  • 1/4 лажиче нес кафе
  • Некое зрно сол
  • 1/2чаша млеко, 3.2 масленост
  • 1чаша слатка павлака
  • Ванила по желба
  • 1или 2 лажици шеќер во прав
  • 2,3 круга свеж ананас
  • Ливчиња нане

Подготовка

Овој едноставен чоко мус има малку состојки, не бара многу време за подготовка, но има прекрасна, лесна структура.

Подготовка:

1. Прво во мало тенџере се ставаат млекото, чоколадото, ванила, сол, нес кафе, на тивок оган да се соединат и изедначат. Тргаме од оган да се подизлади смесата.
2. Сега ја матиме слатката павлака, но не смее да биде густа или прематена. Треба да биде воздушеста, лесна. Тргаме 2 лажици за декорација.
3. Во другиот дел од слатката павлака, го ставаме растопеното чоколадо со др. состојки. Лесно соединуваме.
4. Смесата ја распоредуваме во 2,3 чаши, нанесуваме малку од слатката павлака и додаваме сецкан свеж ананас. Декорираме со ливчиња нане. Оставаме во фрижидер да се излади 1 час, па послужуваме.
На здравје убавинава.