30
јун
2012
Евтини колачиња
Парчињата пандишпан ги редиме на плех. Пудинзите ги вариме според упатството на кесичката.
Го додаваме и чоколадото искршено на коцки. Кога малку ќе подолади му го ставаме маргаринот да се растопи и промешуваме. Крем бананите исечкани ги ставаме во оладениот фил.
Сусамот многу малку го пропржуваме. Филот го истураме на пандишпанот и оставаме малку да се потстегне. Го израмнуваме со раце.
Потоа со помош на калапчиња за колачи сечеме форми и им ставаме по малку кокос.
За поубав изглед може да се направи глазура со бело чоколадо.
Ова беше планирано за набрзинска торта Ч) ама после излегоа два плеха колачиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови