Дроб сарма
Велигденот, некако е поврзан и со јагнешкото месо и специјалитетите од него.
Дроб сармата резервирана за големите гурмани на јагнешко.
Подготовката е на следниов начин
- Марамицата убаво се мие, се става во сад со вода (вода да ја покрива) во која додаваме 40 мл. алкохолен оцет. Оставаме да отстои најмалку 2 часа, а најдобро е преку ноќ.
- Изнутриците, исто, убаво се мијат, им се вади мрсното и жиличките, се ставаат во сад и се налеваат со млеко. Исто да отстојат и тие.
Ова се прави заради специфичната јагнешка миризба, да се намали.
- Потоа изнутриците ги вариме и тоа првите 2 води ( штом зовријат) се фрлаат, се варат во третата вода, во која се додава сол и ловоров лист. Се варат додека омекнат. Им се истура водата и се оставаат да се изладат, а после се сецкаат што можи понаситно.
- Оризот исто се вари во вода со сол, меѓутоа не целосно, за понатаму во подготовката да не ни се распадни, да речам, да биде полусварен. Се истура во цедалка, се плакни со ладна вода и се цеди.
-На масло се пржат исецканите кромидчиња со сол. Кога ќе омекнат, се додаваат сецканите изнутрици и тие да се подпржат. Потоа се додава бланшираниот ориз. Се убаво се меша, подпржува. Се додаваат зачините, меѓу кои нането е задолжително. Јас ставив суво нане и сув магдонос. Филот ни е готов, ја тргаме тавата од оган и оставаме да излади.
- Марамицата ја миеме уште еднаш, со ножици ја сечиме на 4-5 парчиња, зависно од нејзината големина, но парчињата да бидат доволно големи за да препокријат лажица- кутлача или во мојот случај (бидејќи кутлачата ми е плитка) користев длабок мал сад. Се ставаат во сад со топла вода, за да можи полесно да се работи со неа.
-Сармите ги формираме на тој начин, што марамицата ја ставаме во садот или кутлачата, ставаме од филот и со краевите од марамицата го покриваме филот.Ги редиме во намрсена земјена тава и тоа со спојот надолу.Свитканите сарми ги налеваме со малку вода и тоа отприлика 150 мл. ( при што дел од таа течност можи да биде бело вино).Ставаме да се печат во (загреана) рерна и тоа 30мин. на 225 Ц. степени.
За преливот
-Во подлабок сад кршиме 3-4 јајца, ги матиме со вилушка и додаваме 300-400гр. кисело млеко (јас ставив павлака). После изминатите 30 мин., со изедначениот прелив од јајцата и млекото ги преливаме сармите. Наросуваме со мешан сув зеленчук и црна пипер. Тавата ја враќаме во рерна, уште 20 мин. на иста температура, да се потпечи преливот.
Пријатен апетит!!!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Kate, kaj mama... :-)
ama me bendisa tvojov predlog i go prifakam
eve mala slika spremano za 2 osobi( decata ne jadat)
Znaci segde ima nekoj koj ne jade... :-)
Probaj so preliv, ke vidis...Mene policni mi se spremani vo ovaa faza, no ete kaj nas so preliv....