Овој начин на спремање секогаш го правеше татко ми. А оваа година за Велигден го направи мајка ми која ми беше на гости.

Сигурно ќе го правам понатаму и јас, бидејќи мнооогу ни се допадна.
Се варат најпрво кошулката, белиот и црниот дроб и срцето едно 30 мин. Се процедуваат од водата и се сечи на ситни коцкички белиот, црниот и срцето.
Настрана се пржи сечканиот кромид и малку одварениот ориз (кој се обари 5мин).
Се додаваат исечканите парченца и малку се пропржуваат и се зачинува.

Сега се зема белата и сварена кошулка (се вари 10 мин) и се филува со филот. Се превртува и се става да се печи на 200С-40мин заедно со јагнето напоредно посипувајќи го со сосот од печеното јагне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани