
21
фев
2016
Домашни хамбургер лепчиња
Еве и од мене рецепт за меки хамбургер лепчиња. Сум правела по различни рецепти, но овој најмногу ми се допаѓа.
Во млакото млеко и вода се раствора квасецот заедно со шеќерот, медот и малку брашно. Откако ќе се запени се додаваат другите состојки и се меси средно меко тесто. Се покрива со кујнска крпа и се остава на топло место околу 30-40мин.
Тестото се дели на 4 дела од секое се формира топче и се сплескува. Се ставаат во подмачкан плех да стасаат 40тина минути. Пред печење се премачкуваат со изматено јајце со малку сол и се наросува сусам. Се печат на 200степени 10тина минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови