Домашни лепчиња за гиро
Превкусни домашни лепчиња кои најчесто ние ги користиме како лепчиња за гиро, ама секако се превкусни да се јадат со сиренце, или други додатоци.
Инаку се прават многу брзо.
Во сад за месење ги додаваме брашното, солта, квасецот прашакот за пециво и постепено додаваме од млекото и јогуртот.
Месиме додека не добиеме убаво не многу јако тесто.
Тестото не го оставаме да надојди туку веднаш го правиме топчиња и од секое растегнуваме лепче кое го пржиме во загреано масло.
Откако се готови, ги полнеме по желба, кај нас овај пат беше со пилешко месо, кромидче, салата и многу зачини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови