Домашни лепчиња
Превкусни, преубави, домашни лепчиња кои можете да ги користите за сендвичи, хамбургери.....по ваша желба.
Подготовката е на следниот начин
- Се замесува тесто од сите наведени состојки, го премачкуваме одозгора со зејтин, го покриваме со стреч фолија и го оставаме да стаса.
- Потоа го делиме тестото на 8 дела, кои ги формираме како топчиња и ги покриваме со крпа. Така ги оставаме 10-на минути да одморат.
- Од секое топче на набрашнета работна маса рассукуваме округла кора во големина на чинија (и врз топчето ставаме брашно)
- Ја вклучуваме рерната да се загрее на најјака температура (кај мене 275 степени) Внатре го ставаме и плехот да се загрее.
- Кога ќе се достигне температурата, ги ставаме лепчињата да се печат, околу 8-10 минути.
Се надевам дека и вас ќе ви се допаднат овие превкусни, домашни лепчиња и ќе уживате во нивниот вкус .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови