14
окт
2014
Домашна пица
Најпрво го ставате квасецот со водата млака, солта и шеќерот, промешувате и оставате да стаса околу 10 минути. Во брашното правите дупка го ставате маслото за јадење и веќе стасаниот квасец. Замесувате тестото убаво и готово е кога ќе исечете со нож да има во него како дупчиња ситни. Го покривате со крпа и оставате да стаса околу пола саат. Тестото за пица го растегнувате и го ставате во претходно подмачката тепсија. Пицата ја премачкувате со кечапот, потоа ставате оригано, па наренданиот кашкавал и на крај шунката. Печете во загреана рерна на 220 степени...Пријатен апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови