Домашна пита која може да ја приготви секој без многу мака.

1. Мешаме брашно, сол, пециво, јајца, зејтин и јогурт. Се замесува тесто. Тестото се остава да одмори 1 час. Потоа тестото го делиме на два дела. Од секој дел се расукува кора, отприлика со дијаметар 50 сантиметри. Врз кората го мачкаме половина од омекнатиот маргарин. Замотуваме ролна и ролната ја мотаме како спирала. Истото го правиме и со другиот дел од тестото. Двете спирали од тесто ги премачкуваме со зејтин, ги покриваме со стреч фолија и ги ставаме во фрижидер. Може да отстојат неколку часови.Јас ги оставив да стојат цела ноќ.
2. За фил, запржуваме кромид и оладен го мешаме со урда.
3. Земаме еден спирален дел и го расукуваме во кора како големината на плехот. Ја ставаме во подмачкан плех, врз неа го додаваме филот. Ја расукуваме и втората спирала и ја нанесуваме врз филот. Правиме венец на краевите и ја сечеме питата пред печење. Се премачкува со разматено јајце. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови