
10
фев
2016
Домашна пита со месо и јајца (пастрмајлија)
Сите состојки за тесто се стават во 1 вангла и со млака вода се замесува тесто. Тестото се остава да кисне за тоа време месото го сечиме на ситни коцки го посолуваме и го тргаме настрана. Од втасаното тесто го делиме на два еднакви дела зимаме тавичка 32 ја мачкаме со маргарин. Од едната топка правиме кора, ја редиме со месото и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени 15 мин.
Се вади, се полива со 3 разматени јајца и пак се враќа во рерна 5-6мин. Постапката се повторува и со другото тесто.
Дозата е за две тавички бр 32.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови