Испечати

Домашна пита со месо и јајца (пастрмајлија)

Домашна пита со месо и јајца (пастрмајлија)

Состојки

  • 600гр свинско месо
  • 6 јајца
  • Тесто
  • 20 лажици големи брашно
  • 1/2 квасец
  • 1/2 пециво
  • 7 лажици големи зејтин
  • 1 лажица мала сол
  • 1 лажица мала шеќер
  • околу 100-150мл вода (по потреба)

Подготовка

Сите состојки за тесто се стават во 1 вангла и со млака вода се замесува тесто. Тестото се остава да кисне за тоа време месото го сечиме на ситни коцки го посолуваме и го тргаме настрана. Од втасаното тесто го делиме на два еднакви дела зимаме тавичка 32 ја мачкаме со маргарин. Од едната топка правиме кора, ја редиме со месото и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени 15 мин.
Се вади, се полива со 3 разматени јајца и пак се враќа во рерна 5-6мин. Постапката се повторува и со другото тесто.

Дозата е за две тавички бр 32.