За секои 100 грама брашно е потребно по едно јајце.
Од состојките се замесува тврдо тесто, кое што се остава 30 мин. во фрижидер да одмори.
Тестото се расукува многу танко, се набрашнува и се витка во ,,ролат,, со нож се сечат таљатели со ширина од 1 цм. и се отвораат.
Се ставаат во зовриена, потсолена вода и се варат околку 6-7 мин.
Се сервираат со сос по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови