Одлична паста за сите љубители на луто, можете да ја користите како додаток со секое јадење, ние со сопругот направивме Хариша колбаси, а вкусто не може да се опише, уживанција!

1.Ставете ги лутите пиперчињата во тенџере и прелијте ги со зовриена вода и оставете ги да отстојат 30 минути. Ако сакате поголема количина и да не биде толку луто додадете и неколку суви не лути пиперки и зголемете ги количините на зачините
2. Во тавче ставете ги семињата, ким, коријандер и на тивок огав потпечете ги, мешајќи повремено протресувајки да не загорат, а потоа тргнете ги настрана
3. Сомелете ги зачините во аван со толчник или во машинче
4. Извадете ги пиперчињата и исцедете ги од водата (чувајте ја течноста за чекор 7)
5. Отстранете ги семките од пиперчињата (носете ракавици да ги заштитите рацете)
6. Ставете ги пиперчињата, со зачините, лукот и солта блендер
7. Направете паста. Додека работи блендерот полека додавајте од маслиновото масло да се добие густа мазна смеса, но доколку саката да биде потечна смесата додадете од течноста од лутите пиперчињата
8. Вкусот на хариша пастата ќе биде поинтензивен во текот на следниот ден или два, но можете да го вкусите и да додадете повеќе сол или од наведените додатоци нане, магдонос, суви домати по ваш вкус
9. Пастата ставете ја во тегла, а одозгора турете маслиново масло. Може да седи во фрижидер до 1 месец, додавајќи нов слој на маслиново масло одозгора секој пат кога ќе го користите
Ја зголемив количината на стојките и добив една тегличка

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови