
17
јан
2016
Домашна Пана Кота
1. Слатакта павлака со шеќерот и ванилата се става на огин да се загрее до вриење
2. Желатинот се подготвува според упатството на кесичката (желатинот се прелива со 50 мл вода и се остава 10 мин да одстои, да набабри)
3. Во врелата слатка павлака се додава набабрениот желатин и се промешува да се соедини и растопи
4. Садовите(чашите) во кои ќе се служи Пана Котата малку се намрсуваат со масло и во нив се става топлата Пана Кота
5. Се додаваат сецканите ореви и дел од преливот од јагоди, а дел од него се чува за декорација откако ќе се здрви смесата
6. Се оставаат садовите во ладилник околу 5 часа
Лиценца: Сите права се задржани