Во тек на пост без масло, ми требаше таан за да подготвам намаз ... Овој рецепт се одлучив да го подготвам откако сфатив дека дома немаме таан, а немаше ни можност да купиме бидејќи такви ни беа условите, карантински. Арно ама имав залихи на сусам и добар блендер - Нутрибулет!

Подготовка
Го ставаме сусамот во блендер и започнуваме со блендирање. Кратко блендираме, па со шпатула или лажица промешуваме, за да не ни остануваат постојано исти наслаги на ѕидовите од чашката. Потоа пак блендираме и повторно соединуваме и промешуваме. Процесов трае околу 15 минути, со тоа што постојано правиме паузи и го одмораме блендерот. Имајте трпение. Откако ќе стане густ сусамот и добива сјај на површината, престануваме со блендирење. Сместете го во тегличка и користете по потреба.

Забелешка
Можете сусамот и да го потпечете, да се излади и да го подготвите исто вака. Така тааанот има поинаков вкус, ќе има потпечен шмек.
Во блендирање не додаваме масло иако ако сакате можете да додадете, така ќе му олесните на блендерот и побрзо ќе ја сомеле и згусне сусамовата смеса.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани