Ова го пишувам како помош за сите оние кои имаат проблем со циркулација на крвта. Ова не е рецепт за храна, но сметам дека ќе помогне многу на оние кои имаат проблеми со попуштени вени како мене.
Овој рецепт, би го препорачала секој да си го направи дома. Од него нема зијан што би рекле постарите. На природен начин да си помогнеме на самите себеси.

Пишав по 100 гр. а правилниот рецепт е по една рака.
Не е битно, мала, голема рака.
Тревки се и природен лек е.
Во стаклен сад налеваме 1 литар ракија.
Во него додаваме по една рака од следните тревки
-Жолт кантарион
-Семе од коприва
-Мајчина душица
-Цвет од невен
-Рузмарин
Се остава ова да стои 15 дена добро затворено на темно.
Потоа се процедува и се конзумира во вид на капки.
Нема штета од него и пијте го по потреба или два пати на ден по 10 капки, за циркулација на крвта. На почетокот кога се ставаат тревките ракијата има некоја бледа жолта боја, а кога е готова добива прекрасна кафенка, коњак боја. Јас направив и пробав, пробајте и вие.
........За здравје ....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови