Долги посни кифли со сенф
Овие посни кифлици се мирисни, вкус добиваат од зеленчук коцката и сенфот што се ставаат во топлата вода и тоа 400гр остатокот вода се користи за да се активира квасецот со малку шеќер и брашно.
Маргаринот се топи и се меша со маслото, па се додава и тој во вангла за месење кај течните состојки квасецот е готов за некоја минута. Се меси тесто и се додава брашно постепено, нека има средна јачина се остава нека се одмори 20 минути. Се дели на 6 дела и од секој се сука корче.
Од секое корче се сечат по 6 дела ќе се добијат триаголници се виткаат кифлици. Се редат во намачкан плех и нека стојат пак 20 минути, после се премачкуваат со смеса од сенф, брашно вода, масло, најгоре се роси мак и се печат на 200 да се зацрват и се прекриваат со крпа дури оладат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kiflite prekrasni :)