Долги посни кифли со сенф
Состојки
- 1 зеленчукова коцка за супа
- 1 лажица сенф
- 1 пакетче сув квасец (10 гр), малку шеќер
- 500гр. топла вода
- 100гр. масло
- 100гр. маргарин
- 1кг-1.100гр. брашно -за средно јако-
- 1 паковка мак (по потреба)
- за премачкување лажица сенф, 3 лажици масло, 3 лажици вода, 1 лажица брашно
Подготовка
Овие посни кифлици се мирисни, вкус добиваат од зеленчук коцката и сенфот што се ставаат во топлата вода и тоа 400гр остатокот вода се користи за да се активира квасецот со малку шеќер и брашно.
Маргаринот се топи и се меша со маслото, па се додава и тој во вангла за месење кај течните состојки квасецот е готов за некоја минута. Се меси тесто и се додава брашно постепено, нека има средна јачина се остава нека се одмори 20 минути. Се дели на 6 дела и од секој се сука корче.
Од секое корче се сечат по 6 дела ќе се добијат триаголници се виткаат кифлици. Се редат во намачкан плех и нека стојат пак 20 минути, после се премачкуваат со смеса од сенф, брашно вода, масло, најгоре се роси мак и се печат на 200 да се зацрват и се прекриваат со крпа дури оладат.