7
апр
2014
Динстано месо во сос
Месото го сечеме на поситни парчиња . Во малку масло го попржуваме исецканиот кромид, го додаваме морковот и него малку го пржиме и го додаваме месото малку да се попржи. Ја додаваме водата и динстаме додека да испари водата.
Го додаваме кремот за готвење и киселата павлака динстаме околу 10 минути. Во мала чинија со лажица вадиме малку од сосот и во него го додаваме брашното го враќаме сосот во тавата мешаме се заедно. Зачинуваме и посолуваме и за кратко е готово јадењето.
Можете да додадете и свежи печурки во месото доколку сакате. Јас ги изоставив бидејки никој не ги сакат дома.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови