12
ное
2015
Десерт со оризов гриз
Во еден сад се става оризовиот гриз и се додава 1 чаша топла вода. Се промешува и се остава 10-15 минути. За тоа време се загрева млекото и останатата вода се додава шеќерот и ванилата, потоа се додава и оризовиот гриз и се вари до добивање на густ пудинг. Ако има потреба се додава дополнително вода или млеко. Пред крајот се додава чоколадото и се меша додека се растопи.
Потоа пудингот се распределува во чаши, чашите се полнат 2/3, потоа се додава мармаладот од кајсии (ако мармаладот е многу густ може да се раствори со малку вода), потоа се дополнува чашата со пудинг и најгоре се декорира по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови