Подготовка

1. Ставете ги во мало тенџерче јаготките со шеќерот и гответе ги додека се стопи шеќерот и јаготките пуштат вода.

2. Испаситајте ги и вратете ги на рингла. Настрана разредете го нишестето со малку вода и додајте го во пасираните јаготки. Мешајте додека се згусти, па тргнете од ринглата.

3. Започнете со матењето на слатката павлака, па потоа додадете ја киселата павлака и откако ќе се соединат, кондензираното млеко и лимон шеќерот. Изматете да се соедини.

4. Зависно од големината на чашите, да речиме за средна големина спремете околу 5 чаши. Во секоја на дното издробете од орео наполитанките. Наредете половинки јаготка покрај ѕидот на чашата и наизменично полнете со белиот фил и црвениот фил.

5. Зависно колку е висока чашата, можи да ставите и во средината уште еден ред дробени наполитанки или само на крајот. Изладете во фрижидер и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови