Десерт во чаша со јаготки
Состојки
- околу 4 орео наполитанки
- Овошен дел
- 250 гр јаготки
- 2-3 лажици шеќер
- 1 лажиче нишесте
- Бел крем
- 200 мл слатка павлака
- 200 гр кисела павлака
- 10 лажици кондензирано млеко
- 1 ќесиче лимон шеќер
Подготовка
Подготовка
1. Ставете ги во мало тенџерче јаготките со шеќерот и гответе ги додека се стопи шеќерот и јаготките пуштат вода.
2. Испаситајте ги и вратете ги на рингла. Настрана разредете го нишестето со малку вода и додајте го во пасираните јаготки. Мешајте додека се згусти, па тргнете од ринглата.
3. Започнете со матењето на слатката павлака, па потоа додадете ја киселата павлака и откако ќе се соединат, кондензираното млеко и лимон шеќерот. Изматете да се соедини.
4. Зависно од големината на чашите, да речиме за средна големина спремете околу 5 чаши. Во секоја на дното издробете од орео наполитанките. Наредете половинки јаготка покрај ѕидот на чашата и наизменично полнете со белиот фил и црвениот фил.
5. Зависно колку е висока чашата, можи да ставите и во средината уште еден ред дробени наполитанки или само на крајот. Изладете во фрижидер и послужете.