30
јун
2015
Пиперки со овчо сирење
Измијте ги пиперките, исечете ги капаците на еден сантиметар од дршката и исчистете ги од семето. Издробете го со вилушка сирењето и добро промешајте со јајцата и зачините. Наполнете ги пиперките со смеата. Затворете ги со капак од кашкавал и потоа со дршката.
Се прелива со 1 кафе чаша маслиново масло и печете 20 минути на силна фурна. Послужете со салата од домати, маслинки, магдонос и црвен кромид.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови