Гранита од лубеница
Неодамна се зачленив и подолго време се мислев што да биде мојот прв рецепт. Бидејќи видов дека нема ниту еден рецепт за гранита, а сега баш е сезона на лубеница - се одлучив за овој.
1. Се прави сируп од една чаша вода и пола чаша шеќер. Се загреваат во сад додека шеќерот не се растопи, па се остава малку да се излади.
2. Едно големо парче лубеница се сечка на коцки и се чисти од семките. Се блендира. Се додава сок од пола лимон.
3. Се меша се заедно и се става во низок сад кој може да се замрзне - да не биде дебел слој.
4. На секој пола саат-саат (ќе видите кога ќе почне да замрзнува) се гребе замрзнатиот дел со вилушка, со цел да се создадат мали парчиња, да не замрзне во едно големо парче. Постапката се повторува повеќе пати.
Се става во чаша, и кога лубеницата ќе почне да се одмрзнува, уживајте во вкусот.
Може да ја направите со било кое овошје.
Доколку не сакате да биде многу благо, намалете на шеќерот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
го направив и со лубеница и со праски. веројатно за праските ќе беше попаметно да додадам повеќе вода, што велиш ти мајсторе?
Сега и мене ме натера да пробам и од праски :)