29
окт
2014
Гиро пита-тортиља
Фантастични тортиљи за гиро, за суфлаки, за сендвичи
Воодушевени од нивната мекост и крцкавост каде се потпечени.
Пробајте ги
Ставете ги во вангличка квасецот, шеќерот и млаката вода
Нека стои 10 минути, па замесете тесто средно меко.
Нека стои во садот околу 30 минути.
Потоа тестото се дели на 18-20 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка. Се редат на чисти крпи.
Потоа едно по едно се печат на НЕ НАМРСЕНА тава.
Доволно им е по 1-2 минути од едната и другата страна.
Едноставно мислите ќе излетаат од убавина.
Останаа 2-3 и уште се мекички.
Лиценца: Сите права се задржани
Си правевме гиро и решив со твоиве да го подготвам и сите бевме задоволни. Е сега да ти кажам дека направив и фотки амаааа...ће ми простиш, нешто ми се случи со картичката во апарат и немам доказ како прилог, ама следно правење обавезно ставам фотка :) Поздрав мила!