Во подлабок стаклен сад или бокал се сецка на мали парчиња лимонот, портокалот, кајсиите, сливите и праската. Врз ова се додаваат неколку коцки лед. Се налева виното и газираната вода.
Во чаша се налева со црпалка од течноста (да има и од овошјето во чашата), се става 1 топка сладолед и пунчот е готов за пиење.