Испечати

Виножито пунч со сладолед

Виножито пунч со сладолед

Состојки

  • 6 топки овошен сладолед
  • 1/2 литар пенливо бело вино
  • 1/2 литар газирана вода со вкус на лимон
  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 2 кајсии
  • 2 сливи
  • 1 праска нектарина

Подготовка

Во подлабок стаклен сад или бокал се сецка на мали парчиња лимонот, портокалот, кајсиите, сливите и праската. Врз ова се додаваат неколку коцки лед. Се налева виното и газираната вода.
Во чаша се налева со црпалка од течноста (да има и од овошјето во чашата), се става 1 топка сладолед и пунчот е готов за пиење.