Се мешаат сувите состојки. Се става во средината дел од млекото, малку затоплено и во него се дроби квасецот. Кога ќе се раствори, се додаваат течните состојки и 2те жолчки. Се меси убаво и се остава да се дуплира.
Потоа, се премесува и се дели на 4-6 дела, во зависност колкава големина ќе ги сакате. Секој дел, се дели на уште 2. Од нив се сучат ваљаци кои се испрепрлетуваат и се виткаат во круг.
Венците се премачкуваат со благо разматена белка, а одозгора по желба можите да ги украсите со суво грозје или сува брусница. Во средината се става варено јајце, предходно премачкано со масло за да не испука во печењето (но ако немате и не сакате, не мора. на дел кои ги испеков без јајце, исто така можи да се вметни без проблем на ова тесто) и се печат на 190 С 30на мин. Доколку е потребно во текот на печењето намалете на 175.

* Тестото на крај доаѓа како некоја модифицирана верзија на Турте, за нас невообичаени, бидејќи ретко преферираме слатки теста, но овој пат сакав да се обидам со слатко тесто и така и ви го пишувам рецептот. Секако, се работи за вкусови, а ова или ќе ви се допадни или не. Во оригиналот на рецептот е наведено рум, (кај нас како вкус многу ретко проаѓа) па предлогот е ставен во замена со лимон. Јас употребив ореви наместо бадеми, како увидов дека немам во моментот, но тука би преферирала бадем. Секако идејата можи да се искористи и со солено тесто или пак тесто за козињак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани