21
мар
2020
Протеински бомбички (посно, веган)
Урмите се ставаат во вода да омекнат отприлика 8 саати.
Половина од бадемите и лешниците се мелат, а другата половина се сечка.
Јатките од мешавината на Натура со суво овошје се сечка, додека сувото овошје го оставаме цело.
Во друг сад ја пасираме бананата, го додаваме кокосовото масло, путерот од кикиритки и ситно сечканите урми (ке бидат многу омекнати).
Ваквата смеса ја мешаме со јатките, се прават бомбички во големина по ваша желба, и се валкаат во сечкани јаткасти плодови (јас ги валкав во сецкани ореви, бадеми и лешници)
Вкусно, здраво и посно
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Јас имав убави посни десерти,но се избрисаа.
Нешто остана,на пример Свтогорскиот колач беше преубав за ова времена пости. Да се надеваме дека ќе се вратат.