Испечати

Протеински бомбички (посно, веган)

Протеински бомбички (посно, веган)

Состојки

  • 90гр микс од овошје и јатки на Натура
  • 80гр бадем
  • 80гр лешник
  • 4 урми
  • 1 банана
  • 1лаж кокосово масло
  • 1лаж путер од кикиритки

Подготовка

Урмите се ставаат во вода да омекнат отприлика 8 саати.
Половина од бадемите и лешниците се мелат, а другата половина се сечка.
Јатките од мешавината на Натура со суво овошје се сечка, додека сувото овошје го оставаме цело.
Во друг сад ја пасираме бананата, го додаваме кокосовото масло, путерот од кикиритки и ситно сечканите урми (ке бидат многу омекнати).
Ваквата смеса ја мешаме со јатките, се прават бомбички во големина по ваша желба, и се валкаат во сечкани јаткасти плодови (јас ги валкав во сецкани ореви, бадеми и лешници)

Вкусно, здраво и посно
На здравје!