Преубави вафли за појадок. Се ставаат сите состојки во сад, се матат со вилушка или миксер, се остава да стои 10 тина минути. На намрсен тостер за вафли се става малку од смесата,  па парчиња кашкавал и се дополнува со смесата. Се затвора тостерот и се печат додека не поруменат вафлите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови