Вафли со кашкавал
Состојки
- 1 јајце
- 200мл јогурт
- 50мл млеко
- 50мл масло
- 5-6 лажици брашно
- 1 пециво
- За полнење
Подготовка
Преубави вафли за појадок. Се ставаат сите состојки во сад, се матат со вилушка или миксер, се остава да стои 10 тина минути. На намрсен тостер за вафли се става малку од смесата, па парчиња кашкавал и се дополнува со смесата. Се затвора тостерот и се печат додека не поруменат вафлите.