Рецептот неодамна го сретнав на страната на моја драга пријателка и репер за правење одлични теста и одлуката веднаш падна да се испробаат овие пецива.
Во дел од топлото млеко во кое сте го ставиле шеќерот и малку брашно активирајте го квасецот.
Потоа од наведените состојки замесете тесто и оставете го да нарасне.
Нараснатото тесто премесете го и поделете го на 12 топчиња. Покријте ги со платнена салвета и оставете ги 20 мин.

Во пошироко тенџере сипете до пола или малку повеќе вода (во зависност колку се високи страните) и оставете ја да зоврие. Потоа додадете ја лажицата сол.
Ставејте од погачките во зовриената солена вода и варете ги по 2 минути, при што ќе ги превртувате од сите страни.
Варените погачки на кратко прво одложете ги врз хартиена салвета, па потоа преместете ги во плехот од шпоретот. Наросете ги со сусам или семиња по желба и печете ги во загреана рерна на 200С додека не поруменат.

• Откако го измесив тестото, јас додадов уште една лажица масло на крај.
• Во плехот обложив пек хартија и ја намрсив со масло. Бидејќи се варени, се лепат доколку ги оставите на ненамастена хартија. А ако ги намастите, потоа за кратко време откако ќе се испечат ставете ги врз хартиена салвета да оладат или пак врз решетка и покријте ги одозгора со пацета.

* Погачките треба да добијат помазна структура од оваа прикажана на сликата. Јас ги правев околку полноќ со уште плус други работи кои чекаа за во рерна, па или не ги обликував толку прецизно или пак тоа што додадов уште 1 лажица масло во тестото ја поремети структурата, навистина не знам, но едно е сигурно-дека се одлични за јадење. Уште една работа што ми ја отежуваше ситуацијата е што во моментот решеткаста лажица немав при рака, па тоа го правев со помош на 2 дрвени лажици, кои дополнително ми го притискаа тестото... Секако, ќе се прават уште пати, па ќе се најди точната причина за мазноста

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови