Вареники со компир
Драги мои пријатели ви представувам еден од украински рецепти вареники,пробајте!
Компири сварете ги, направете пире и додадете зачини по вкус. Ставете настрана да истине.
Од брашното, јајцето и малку млеко замесете тесто. Вода додадете по потреба колку да се замеси тесто.
Тесто рассукајте го не многу дебело, но и не многу танко. Со чаша за сок направете кругчиња, на кругчинја ставете пире, склопете напола и залепете убаво краевите. На краевите можете да направете шарка по желба,а може и така.
Во тенџере ставете вода да зоврие и подсолете ја.
Во зовриената вода ставете вареники да се варат да повријат 10 минути. Извадете едно ипробајте дали варено е тестото.
Во тавче сечкајте ситно кромид и сланина и испржете ги.
Варениките извадете ги со цеделка одозгоре ставете пржена сланина и кромид.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани