Ванили без јајца (со јогурт)
Постапка
- Со миксер изматете ја маста со шеќерот.
- Додадете го јогуртот, измешајте и постепено додаватје од брашното во кое сте измешале ренданиот лимон.
- Измесете го, ќе добиете меко тесто, но податливо за работа.
- На работната површина посипете повеке брашно, расукајте го добиеното тесто дебелина до 5 мм. и со модла која вие ќе си ја одберете вадете ги формите.
- Наредете во плекче и печете ги во предходно загреана рерна на 150 степени околу 15 мин, внимавајки притоа да останат светли, да не ги препечете.
- Оставете да се оладат, премачкувајте ги со мармаладот и слепете ги.
- Валкајте ги во прав шеќер.
Напомена
-Можете слободно да си ја дуплирате дозата доколу ви требаат повеке на број од ванилиците.
- Доколку оцените дека е премногу меко, додадете уште сосема малку брашно (зависи од брашното- некогаш додавам и јас малку, а некогаш си е според рецептот)
- Овие што ги гледате на сликата се правени со 1/3 маргарин, остатокот е маст (за да потрошам маргаринот да не стои така), па излезе дека се супер и така.
- Кога ги спојувам ванилиците секогаш едниот дел го премачкувам со мармаладот, а другиот дел прво ќе го поросам со шеќер во прав и потоа го слепувам - така ми изгледаат поубави за око.
- Соберете ги во кутија, можат да стојат повеќе време.
Па уживајте, ова е супер занимација.
Лиценца: Сите права се задржани