Подготовка

1. Путерот, ванилата и шеќерот ги матиме пенасто. Потоа ги додаваме жолчката, пирето од тиква и ренданата кора од лимон или портокал (по вкус). Миксираме до хомогенизирање. На крај го додаваме брашното (постепено) до добивање на меко тесто кое не лепи.
2. На набрашнета работна маса, расукуваме кора со дебелина од 5мм, и со мала чашка вадиме кругчиња кои ги редиме во плех врз хартија за печење. Доколку има потреба, чашката брцкајте ја во брашно пред сечење на колачињата.
3. Печеме во загреана рерна, на 180 степени, додека да поруменат благо од долната страна, повеќе не, во спротивно ќе бидат потврди, иако ако ги лепите со мармалад, од него посекако ќе омекнат. Нека оладат. Оладените ванилици ги чуваме во кутија, извалкани во шеќер во прав, измешан со ванилин шеќер, или по желба ги лепиме со мармалад по вкус.

*Забелешка - Од оваа доза испаѓаат 2 плеха како на сликата. Јас користев варена тиква (на пареа).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани