Есенски дукати-ванилици со тиква и цимет
Во вангличка ја ставаме свинската маст и шеќерот во прав.
Матиме со миксер додека маста убаво не побели.
Потоа додаваме жолчка, тиква, цимет, ванила и пак соединуваме со миксер.
Со исклучен миксер го додаваме брашното и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го делиме на два дела, за полесно да работиме.
Сучиме кора и со модличка вадиме форми.
Ги редиме во ненамастен плех, ги печиме на 180 степени, со внимание, само краевите треба да бидат благо заруменети.
Ги лепиме по две спојувајќи ги со домашен мармалад од шипки или сливи.
Ги валкаме во шеќер во прав.
Ги чуваме затворени во кутии.
Колку повеќе стојат, толку се поубави.
Лиценца: Сите права се задржани