Испечати

Есенски дукати-ванилици со тиква и цимет

Есенски дукати-ванилици со тиква и цимет

Состојки

  • 100гр варена, добро исцедена тиква
  • 100гр несолена свинска маст
  • 100гр шеќер во прав
  • 1 ванила
  • 1лажиче цимет
  • 1 жолчка
  • 300-320гр брашно
  • шеќер во прав по потреба
  • мармалад од шипки по потреба

Подготовка

Во вангличка ја ставаме свинската маст и шеќерот во прав.
Матиме со миксер додека маста убаво не побели.
Потоа додаваме жолчка, тиква, цимет, ванила и пак соединуваме со миксер.
Со исклучен миксер го додаваме брашното и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го делиме на два дела, за полесно да работиме.
Сучиме кора и со модличка вадиме форми.
Ги редиме во ненамастен плех, ги печиме на 180 степени, со внимание, само краевите треба да бидат благо заруменети.
Ги лепиме по две спојувајќи ги со домашен мармалад од шипки или сливи.
Ги валкаме во шеќер во прав.
Ги чуваме затворени во кутии.
Колку повеќе стојат, толку се поубави.