Ванила фантазија
Мати, печи, јади и после оди да вежбаш. Нема друго чаре =))
Лесен рецепт, вкусен и топол и ладен. Оние кои ја обожаваат ванилата, ќе ме обожаваат и мене после ова, ама и ќе ме боцкаат на вуду кукли дека пред лето ги Ѕезнав =))
Рерната се вклучува на 180 степени.
Во длабок сад се матаат јајцата, се додава шеќерот и ванилиниот шеќер и маслото. Се мати убаво да згусне.
Се додава млекото, брашното и пецивото и се мати додека не се добие еднолична смеса.
Во тавче се сипа половина од тестото и се става да се пече.
Се приготвуваат филот од пудинзите
Во сад се става окулу 400 мл од млекото со шеќерот да проврие, а во останатите 100мл се раствараат пудинзите да нема грутчиња. Се додава во врелото млеко и се меша да згусне убаво.
Врз врелото колаче се сипа врел пудинг и убаво, рамномерно се размачкува по цела површина.
Врз пудингот се сипа и преостанатото тесто и се пече уште 10-15 мин на 180.
Кога е готов колачот се вади од рерна и се посипува со кристал шеќер.
Се остава да се олади и се сече по желба. Ако се сече топол, пудингот ќе се разлее.
Е сега, нормално дека ми беше досадно да ги печам во тавче, па си ги печев во силиконски калапчиња. Супер испаднаа.
Совети за по калапчиња
Реално кажано ептен од око ги сипав во калапчиња. Треба да се има на ум дека нараснуваат и дека всушност треба за првиот слој тесто да се стави 1/4 од калапчето, а може и помалку. Тестото ќе нарасне, па треба и фил, па пак тесто што ќе нарасне. Јас од прилика така ги правев и не утнав. За да ми биде полесно си црпев од тестото и сипав во калапчињата со најмалата мерица од оние за КАПС што се, 30мл.
Капали за мафини се исто супер опција.
Се мислев и да ги прелилјам со црно, па со бело чоколадо, иако треба да биде ванила фантазија, ама ко за прв пат решив да го направам во оргинал (е добро де, калапчињата ги увалив, ништо страшно)
Следниот пат и со чоколадо ќе ги прелијам, па ќе честам слики и од тоа.
БЕГАЈТЕ ОД ВАГАТА! ЛАЖЕ!
Лиценца: Сите права се задржани
Prekrasni,prekrasni:):)
http://moirecepti.mk/post/%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8/
Овој рецепт е Рецепт на денот за 09.05.2014 и учествува во изборот за Рецепт на месецот Мај 2014. Честитки!