13
сеп
2014
Ванила кифлички со џем од сливи
Квасецот се остава да стаса со млекото, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно.
Откако ќе стаса се додаваат прво течните состојки (кисело млеко, зејтин ), потоа пецивото и брашното. Се замесува меко тесто и се остава да стаса.
Од стасаното тесто на набрашнета површина се расукува кора со дебелина од 5 мм, се расекуваат кифлички и се полнат со мармалад ( крем ) по желба.
Врз секоја кифличка се става по една коцка путер. Се ставаат да се печат во загреана рерна на 180-200 степени, без да се стасуваат претходно.
Откако ќе се оладат се посипуваат со шеќер во прав и ванила.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови