- Исчистената риба исечете ја на парчиња, секое парче увалкајте го во брашно и кратко пропржете на зејтин. Извадете настрана.
- Во истиот зејтин во кој ја пржевте рибата испржете го ситно сецканиот кромид, лукчето, додадете и морковот исчен на коцки или кружно. Намалете ја температурата и целото тоа нека се пржи на тивко.
- Додадете ги исецканите пелати или доматното пире, разбркајте, додадете го исечениот на коцки компир и вода колку што е потребно да се добро залие и малку повеќе. Оставете нека се вари окои 10 мин.
Додадете ја сега грашкот и пржената риба, посолете, ставете го биберот и нека продолжи да се вари на тивко. Готово е кога компирот е сварен и рибата доволно омекнала. Зачинете пред самиот крај, посипувајки со свеж магданос.
Сервирајте и нека ви е слатко!

Забелешка
Овој бродет го спремив со Ослич, исто така е одлично посно јадење, го излупив - исеков - испржив предходно увалкано во пченкарно брашно.
Овој рецепт е еден од низата за спремање на рибни паприкаши, бродетеи или брудети има во изобилие посни рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани