Растегнете го лиснатото тесто на работната маса. Премачкајте го со мешавината. Сечете на ленти.
Спирално мотајте ги и редете ги на хартија за печење. Премачкајте ги и од горе со четката, па ставајте ги да се печат во загреана рерна. Јас за виткањето се послужив со стапче за ражничиња. Мотав околу него, па само го извадив стапчето кога ги редев на хартијата. Некако ми се виде полесно и поубаво.
Едноставни и вкусни, не одземаат воопшто време, а имате убав топол појадок за утре.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови