
Брзи полнети шампињони
Оризот ставете го да се свари.(кога е долго зрно се вари за 20 минути)
Прецедете го и измијте го со вода. Печурките издлабете ги, а остатокот од нивната внатрешност ситно исечкајте го. И сланината исецкајте ја на ситно. Издлабените печурки ставете ги во тава заедно со малку вода масло и зачинете со сол и зачин да се прокрчкаат за да омекнат околу 10тина минути. Ставетете ги на страна, а на маслото ставете ги парчињата исечени печурки и сланина да се пропржат. Зачинете и посолете и додадете го процедениот варен ориз. Додадете и мелен црн бибер. Со вака подготвениот ориз наполнете ги обарените печурки и наросете ги со малку куркума. Послужете ги како предјадење или како прилог. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови