Во тава на оган го запржуваме кромидот на една лажица путер. Го додаваме грашокот, лукот и сушеното нане. Налеваме малку вода, сол и бибер и оставаме грашокот да се свари. Кога е готов, се пасира и се додава една лажица путер.

Во меѓувреме, на шампињоните им ги вадиме дршките и ги редиме во тава за печење. Во тава на загреано масло го пржиме празот и дршките од шампињоните. Во испржената смеса додаваме 3 лажици кисела павлака, сол и бибер. Со смесата ги полниме шампињоните и врз нив го додаваме ренданиот кашкавал. Во тавата ставаме малку вода и печеме на 200 степени околу 20 мин. Се сервираат заедно со пирето од грашокот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови