27
фев
2013
Брза чорба со спанаќ и ориз
Во тенџере на оган ставете маслиново масло и ситно сецканиот кромид. Кратко пропржете и додајте го оризот и искинатиот со раце спанаќ. Зачинете со црн бибер и налејте ја сварената коцка за супа. Варете ја чорбата на тивок оган. При крај на варењето додајте го магдоносот.
Послужете ја топла со наросување од пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани