Многу лесна, едноставна, бргу се спрема и што е најважно многу е вкусна.
 
- Исчистениот спанаќ здробете или едноставно со рака искинете го.
- Исецканиот млад кромид ставете на зејтин да се пржи, додадете го лукот и продолжете да пржите. Откако омекнале додадете го спанаќот и продолжете да пржите.
Измиениот ориз додадете го во тавата и пак продолжете да пржите притоа додавајки ги измиените и исецкани магданос и миродија. Додадете го црвениот мелен пипер, налејте со вода, зачинете со бибер, сол и сув зеленчук, додадете ги маслинките, поклопете и оставете нека крчка. Готово е кога и оризот е сварен.
Густината на самата чорба одредете ја сами како сакате тоа вие да го јадете.
Послужете додавајки оцет или сок од лимон.
Нека ви е слатко.
НАПОМЕНА
Ова е посна варијанта, кој сака може да ја збогати оваа чорба додавајки сматено јајце, а при служењето кисело млеко или јогоурт. Честопати измешам киселото млеко со јајце, од врелата чорба малку додадам во садот во која сум измешала млекото и јајцето.. разбркам, па ова го истурам во самата чорба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани