
Брза тортичка со 1 јајце
Брзо, превкусно, едноставно тортиче со состојки што ги имаме дома скоро во секое време.
Подготовка -
1. Во сад за матење го кршиме јајцето и миксираме до згуснување, па го додаваме во неколку наврати шеќерот (со миксирање).
2. Потоа го додаваме маслото, млекото, мармаладот и на крај брашното, претходно измешано со содата. Миксираме кратко до хомогенизирање на смесата.
3. Во намрсено и набрашнето тавче ја истураме смесата и печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, додека да зарумени, па намалуваме на 150 степени и допекуваме (проверуваме со чачкалица) јас печев уште 20 минути, ама сепак времето зависи и од шпоретот.
4. Нека олади колачот, па послужуваме.
5. По желба одозгора ставаме шеќер во прав (не е задолжително).
Забелешка - Јас користев тавче број 28, ако сакате да биде повисока тортичката, во тој случај користете тавче број 26.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани