
27
фев
2016
Брза интегрална пита со целер
Јајцата се матат со зејтинот, а потоа се додаваат водата, сирењето, зачините и на крај брашното помешано со пецивото. Се меша убаво со лажица и се сипе во подмачкан калап. Се посипува со ленено семе и се пече 20-25 минути на 200 степени.
Испечена се вади од рерна се попрскува со маслинов зејтин и се враќа во исклучена рерна 2-3 минути.
Питата има интересен вкус, а целерот и маслиновиот зејтин имаат прекрасен спој.
Ова е една од оние пити што ве вади од незгодна ситуација. Ти се најавуваат посетители вклучуваш рерна, матиш, печеш и ги пречекуваш со вкусно и топло парче.
Лиценца: Сите права се задржани