Јаболката ги рендаме на јадрата страна од рендето.
Ги префрламе во касерола и додаваме шеќер. Пржиме на тивко. Кората од портокалот ја рендаме и ја додаваме во јаболката, а сокот го цедиме со цедалка и го додаваме исто во јаболката.Пржиме тивко додека не испари течноста од садот.
Кога е пржено го тргаме од оган и оставаме на ладно да се излади убаво. Кога смесата е ладна додаваме мелени бадеми и правиме хомогена смеса, од која ги формираме бонбоните.Оформени, бонбоните ги валкаме во кафен шеќер.
Чувајте во ладилник пред служење.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови