Подготовка:

Водата, шеќерот, какаото и маргаринот се ставаат да зовријат. Се додава искршено чоколадото и се меша додека се стопи, па кората, сокот и лимоновиот екстракт. На крај се додава презлата и убаво се меша. Смесата се остава да подизлади, бидејќи топла е мека за да се обликуваат бомбиците, па се прават со раце бомбици кои се валкаат во шеќер кристал или кокос. Откако ќе отстојат неколку часа бомбиците додатно се стврднуваат. Како посни, можат да стојат повеќе време.